Top Sport

Американски бизнисмен го купува Евертон

Американскиот бизнисмен Мациек Камински е заинтересиран да го купи премиерлигашот Евертон. Инвеститор со седиште во Минесота е чекор поблиску да го преземе мнозинскиот управувачки пакет за сума 400 милиони фунти, пренесуваат медиумите на Островот.

Камински и сегашниот сопственик Фархад Мошири се во напредни преговори, но евентуалниот „дил“ се уште виси и поради нестабилниот финансиски пазар во Велика Британија.

За секој договор секако ќе биде потребно одобрение и од раководството на Премиерлигата.

Доколку оваа зделка биде успешна, тоа би значело дека половина од премиерлигашките клубови ќе имаат американски акционери.

Евертон минатата сезона едвај се спаси од испаѓање, а во моментот е на 13. позиција на табелата.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');