Top Sport

Анчелоти: Бензема не е оптоварен со пресудата

Тренерот на Реал Мадрид, Карло АНчелоти, коментирајќи ја пресудата која ја доби Карим бензема за „случајот Валбуена“, рекол дека напаѓачот мирно ја прифатил одлуката судот. Бензаме вчера доби условна казна затвор и парично е казнет со 75.000 евра.

Бензема, синоќа, против Шериф постигна гол во победата 3:0, со која Реал обезбеди место во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

„Не морав да разговарам со него. Карим е мирен“, рекол Анчелоти.

„Тоа е нешто што се случило во минатото. Тој беше целосно фокусиран на натпреварот.Добро играше“.

Бензема зад себе има одлична година, се наоѓа во најтесниот круг на фаворити за освојување на Златната топка.

Scroll to Top