Top Sport

Оваа тројка не може да игра заедно, Покетино треба да бега од ПСЖ

Манчестер сити, со победата на ПСЖ (2:1), го обезбеди првото место во својата група, во Лигата на шампионите. По мечот аналитичарите и медиумите се согласни дека дуелот на „Итихад“ го покажал сите слабости во играта на ПСЖ. Се потенцира тимската игра на ПСЖ, против ѕвездите од Париз, кои не делувале како тим.

Англичаните, го советуваат Маурицио Покетино да се замине од клубот и да ја прифати понудата од Манчестер јунајтед.

„Да сум на негово место би избегал од таму. Невозможно е да играте со Нејмар, Мбапе и Меси“, рекол Џејми Карагер, потенцирајќи дека Покетино мра да прави компромиси за да ги задоволи егата на големите ѕвезди.

„Невозможно е да се браните со седум фудбалери. Тие тројца не играат одбрана. Не можете да си дозволите таква игра. Бековите секогаш имаат проблем, секогаш се сами против тројца. На Покетино не му дозволуваат да биде Покетино. И како треба да одговори? Со Ди Марија во средината, тоа е дополнителен проблем и тој не може да помогне во одбраната“, рекол Тиери Анри.

На оваа изјава на Анри се надоврза Мајл Овен, поранешниот фудбалер на Ливерпул, реал и Манчестер јунајтед.

„Врзани му се рацете. Едноставно не може да елиминира ниту еден од тројцата напаѓачи. Во Манчестер јунајтед би добил простор за работа, би можел да го составува тимот како што сака“.

„Манчестер сити се тим за разлика од ПСЖ и покрај тоа што има страшен индивидуален квалитет. На крајот секогаш победува тимската работа“, изјавил Алесандро дел Пјеро.

„Лекип“, најмногу го критикува Лионел Меси. За својата изведба Аргентинецот, на скалата од 1 до 10, доби четворка.

„Тој направи неколку добри работи, но да се разбереме Меси има посебни стандарди. Тој е далеку од она што се очекува од него. Повеќе не прави никаква разлика во последната третина од теренот“, пишува во коментарот на „Екип“ и дополнува дека неиграњето на Марко Верати му ги расипало сите планови на Покетино.

Scroll to Top