Трансферот на Марек Хамшик од Наполи во кинескиот Далијан Јифанг останува неизвесен, откако италијанските медиуми посочија дека тренерот на клубот, Карло Анчелоти му дал ултиматум на Словакот: „Или прави како што ќе каже претседателот Аурелио ди Лаурентис, или нема да правиш ништо“.
Иако се очекуваше исплатата на парите за Наполи да биде „средена“ и трансферот да се оствари, адвокатот на Наполи, Матија Грасани вели дека мора да се исполнат условите на италијанскиот клуб.
„Се работи за комплексен договор и исходот уште е несигурен. Нема комуникација меѓу тимовите. Бидејќи има осумчасовна временска разлика помеѓу Кина и Италија, како и различни начини на размислување, преговорите не се сигурни. Економските услови на Наполи се клучни. Уште сме на пат да го реализираме, но г-динот Анчелоти даде ултиматум: ’Правете како што ќе каже претседателот Де Лаурентис или не правете ништо’. Претседателот го штити достоинството на клубот. Има прекрасни односи меѓу Хамшик и Наполи, така што ние ќе му дозволиме да ја искористи оваа голема шанса да игра во Кина, но само доколку се исполнат барањата на претседателот“, вели Грасани.
Фото: ЕПА
Хамшик се прости со соиграчите, Наполи го стопираше трансферот!