Top Sport

Хамшик се прости со соиграчите, Наполи го стопираше трансферот!

Во изненадувачки развој на настаните, Наполи потврди дека ќе го „суспендира“ трансферот на Марек Хамшик во кинескиот Далијан Јифанг поради методот на плаќање.

Хамшик вчера имал проштална забава со своите соиграчи пред трансферот, и кога се мислеше дека нема да има проблеми, Наполи со официјална изјава потврди дека трансферот „пропаднал“.

„Калчо Наполи реши да ја суспендира продажбата на Марек Хамшик на кинески клуб, поради тоа што начинот на плаќање не е таков како што претходно беше договорено“, велат од Наполи.

Според италијанските медиуми иако се користи зборот „суспендирање“, се работи за целосен колапс на договорот. Наполи требаше да добијат 18 милиони евра плус 2 милиони во бонуси, а фудбалерот ќе заработуваше 9 милиони евра годишно во Кина.

Според „Скај спорт Италија“ проблемот е во тоа што Далијан сакаат да го земат Хамшик на позајмица со обврска за купување, додека Наполи сакаат постојана продажба. Кинескиот преоден рок трае до 28 февруари.

Фото: ЕПА

Scroll to Top