Реал Мадрид вчера со 3:0 го совладаа Елче, откако еден од головите го постигна Феде Валверде, кој има неверојатен старт на сезоната со 6 гола и 2 асистенции досега, со што е на добар пат да ја „спаси“ кариерата на неговиот тренер Карло Анчелоти, кој претходно изјави дека ако Уругваецот не даде 10 гола оваа сезона ќе ја скине својата тренерска лиценца.
„Среќен сум за тимот. Тренерот веќе кажа, мора да стигнам до 10 гола оваа сезона и останувам фокусиран. Не сакам да бидам виновен ако тој се пензионира“, изјави на шега Валверде по мечот.
Италијанскиот тренер вели дека верува во своите шанси Валверде да ја заврши работата.
„Тој ја има таа одговорност, имаме облог. Мислам дека ќе има повеќе од 10 оваа сезона. Толку е добар што каде и да го ставам да игра, тој е фантастичен. Сега, нека дојде барем до 10“, вели Анчелоти.
Valverde cuenta cómo es su apuesta con Ancelotti: "No quiero tener la culpa de que se retire el entrenador"pic.twitter.com/fTVyPpJvo8
— GOAL España (@GoalEspana) October 19, 2022