Top Sport

Анчелоти: Модриќ ќе биде подготвен за финалето на Купот на Шпанија

Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ го пропушти мечот на Реал Мадрид во Сан Себастијан и поразот (2:0) од Реал Сосиедад, но има сериозни изгледи да се врати во тимот на следниот натпревар против Осасуна, во финалето на Купот на Шпанија.

Според информациите од Шпанија, Лука Модриќ чудесно брзо се опоравил од повредата на тетивата.

„Модриќ се чувствува добро и тренира. Ќе ја процениме неговата ситуација деновиве. Сигурно дека нема ништо да ризикуваме, но тој одлично закрепнува и постои можност да игра“, изјави тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

Реал Мадрид се фокусира на Купот на Шпанија и на Лигата на шампионите, со оглед дека Барселона на пет кола пред крајот на првенството во Ла Лига има огромни 14 бода предност пред големиот ривал.

Scroll to Top