Top Sport

Баерн Минхен ги продава Мане и Гнабри

Баерн Минхен е подготвен да се раздели со две свои ѕвезди од нападот во текот на летниот преоден рок, тврди „Билд“. Станува збор за Садио Мане и за Серж Гнабри.

Мане на „Алијанц Арена“ пристигна минатото лето со трансфер од Ливерпул вреден 32 милиони евра. Сепак, Сенегалецот се чувствува изолиран од тимот по скандалот откако го удри соиграчот Лирој Сане во соблекувалната по мечот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Затоа клубот е подготвен да побара од него да си замине по завршувањето на сезоната.

Во Баерн посакуваат да замине во Наполи, при евентуален трансфер на Виктор Осимен од Наполи на „Алијанц аеена“, но најверојатно „партенопеите“ нема да се согласат да ја прифатат големата плата на Мане која е 10 милиони евра нето годишно. Друга опција за играчот е Челси, кој неодамна покажа интерес за него.

Проблемот со Серж Гнабри е падот на неговата форма, а раководството се сомнева дека германскиот интернационалец ќе успее тоа брзо да го надмине.

Scroll to Top