Top Sport

Ангеловски по два месеци си замина од Каспиј: Не сакам да си го уништувам името

Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски си замина од казахстанскиот прволигаш Каспиј Актау по вчерашниот 1:2 пораз од Жетису по кој клубот останува на претпоследното место на табелата со четири порази во низа.

„Кога пристигнав тука пред два месеци, бевме на последното место со нула поени и добивме порака дека мораме да го изградиме тимот. Отпуштивме 12 фудбалери, и две недели трениравме со 10 играчи од главниот тим, додека другите беа од нашата академија. Работев напорно да го изградам моето име и репутација и не сакам да го загубам. Затоа ја напуштам позицијата и посакувам да се направат услови за следниот тренер со кој ќе изборат опстанок“, вели Ангеловски

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caspiy Football Club (@caspiy_fc)

Scroll to Top