Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти, не само што го трансформираше ливерпулскиот клуб со своите игри, туку и ги воодушевува Англичаните со својот стил, своето однесување и својата неверојатна смиреност, која ја покажа во најдраматичниот меч во 2021, кога вчера Евертон со 5:4 по продолженијата го совлада Тотенхем во ФА купот.
Додека зад него, клупата на Евертон и неговиот помошник Данкан Фергусон лудо славеа, Анчелоти само смирено си го ладеше своето кафе. Секако, ова видео и кул однесувањето на Карлето станаа предмет на мемиња на Интернет, а неговиот помошник Фергусон убаво ја објасни реакцијата.
„Анчелоти навистина видел се во животот, нели? Мечот беше одличен од почеток до крај, но јас не успеав да бидам толку смирен“, вели Фергусон.
Англискиот весник „Дејли телеграф“ дури објави напис со името „Зошто сите сакаме да бидеме како Карло Анчелоти“.
Carlo Ancelotti’s reaction to Everton going 5-4 up ☕️#EmiratesFACup pic.twitter.com/WCetMZuEir
— Football on BT Sport (@btsportfootball) February 10, 2021
Bravo whoever made this ??#Everton #Ancelotti pic.twitter.com/isxGhF7VHf
— Michael Bridge (@MichaelBridge_) February 11, 2021
Sir Carletto che beve il cafferino ovunque pic.twitter.com/JTkkkQV77x
— CALCIATORI BRUTTI (@CB_Ignoranza) February 11, 2021
I just had to join in with this one. #Ancelotti pic.twitter.com/rTwNP0MRC6
— Carl Serjeant (@CarlSerjeant) February 11, 2021
#Ancelotti pic.twitter.com/eFLab2ks73
— Danny Boy 1878 ? (@DanielE25044152) February 11, 2021
#CarloFantastico #Ancelotti #everton #EVETOT #efc #EvertonFC #doncarlo @Everton @1kevincampbell @ALANMYERSMEDIA @richarlison97 @MrAncelotti #FACup pic.twitter.com/8j5wq0o3Sx
— YNFA (@footballYNFA) February 11, 2021