Англија ќе се соочи со Франција во четвртфиналето на Мундијалот, а најголема закана кон голот на Џордан Пикфорд ќе биде Килијан Мбапе. Најголемата француска ѕвезда, во досегашниот тек од Мундијалот постигна пет гола и забележа две асистенции.
Англискиот селектор Герет Саутгејт е свесен дека Мбапе е најопасниот играч во редовите на триколорите. Медиумте на Островот, објавија дека Саутгејт две години се подготвува за натпреварот против Мбапе, тој бил свесен дека во еден момент Англија ќе мора да се соочи со Франција.
Човек од стручниот штаб на Саутгејт, две години го ковал планот како да се запре Килијан Мбапе.
Како што пишува „Индипендент“, Саутгејт и неговите соработници биле убедени дека Мбапе може да биде запрен доколку му се спротивстави со моќени дефанзивен кој може да биде исклучително опасен во нападот, со што Мбапе би бил принуден повеќе да се фокусира на одбраната.
Планот на Саутгејт е на Мбапе да му се спротивстави Кајл Вокер. Бекот на Манчестер сити е исклучително брз фудбалер, кој може во тој сегмент да се носи со напаѓачот на Франција. Дополнителна помош, Вокер би добил од Маркус Рашфорд, со што Мбапе би морал сериозно да им се посвети на задачите во одбраната.