Top Sport

Англија по потешкиот пат до третото место (Видео)

Англија го освои третото место на завршниот турнир во премиерното издание во Лигата на нации. На стадионот во Гимараеш, избраниците на Герет Саутгејт ја победија Швацарија дури по изведувањето на пенали со 6:5, откако по 120 минути игра немаше голови.

Англичаните по потешкиот пат стигнаа до третото место на турнирот во Португалија. Имаа можност играчите на Саутгејт да го решат мечот и во неговиот регуларен тек и во дополнителните 30 минути, меѓутоа немаа среќа да постигнат гол.

Голманот Зомер собра седум интервенции, а имаше и голема „помош“ од рамката на голот (Англичаните четири пати погодија во гредата или дирекот).

Калум Вилсон постигна гол за Англија во 84 минута, кој беше поништен по прегледувањето на снимката. Во моментот кога се избори за добра позиција Вилсон направи прекршок во напад.

Во пенал серијата првите пет изведувачи беа сигурни на двете страни, потоа во шестата серија за Англија погоди Даер, а Пикфорд му го одбрани ударот на Дрмиќ.

Вечерва во Порто, на стадионот „Драгао“, Португалија и Холандија ќе се борат за титулата во новото натпреварување на УЕФА.

Scroll to Top