Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели покажа доволна смисла за хумор, откако ја прими ироничната неделна награда „Златен тапир“ за тие кои немале најдобра недела, порачувајќи дека средниот прст кој му го покажа тренерот на Интер, Антонио Конте е „знак на симпатија“.
Ањели и Конте, инаку поранешен играч и тренер на Јуве, се судрија во полуфиналето на Копа Италија во Торино минатата недела, со многу разменети навреди и пораки преку медиумите. Комичното шоу „Стриша ла нотиција“ реши на двајцата им ја додели наградата, но Конте одби да ја прими.
„Понекогаш страста на нашата работа не тера да одиме преку културното однесување. Средниот прст? Соработката со Конте заврши добро, така што тоа се знаци на симпатија“, вели Ањели.