Top Sport

Анри: Оставете го Де Брујне, играше и покрај „личните проблеми“

Француската фудбалска легенда, Тјери Анри откри дека Кевин де Брујне играл за Манчестер сити и покрај „личните проблеми“ против Реал Мадрид, кога имаше необична караница со менаџерот Пееп Гвардиола.

Анри, во улога на коментатор за „Си-Би-Ес“, разговараше и се гушна со Де Брујне, со кого добро се познава преку неговата работа како помошник во белгиската репрезентација, по што изјави дека сега има уште поголем респект за него.

„Тоа беше емотивен момент. Не можам да зборувам за тоа што ми кажа бидејќи мора да остане лично. Но, од тоа што ми кажа, сега го респектирам уште повеќе поради тоа што играше вечерва и се бореше за својот тим. Затоа тој е најважниот играч во Манчестер сити“, вели Анри.

Де Брујне е оженет со Мишел Лакроа, со која имаат три деца, и неговото семејство беше на трибините на вчерашниот меч со Реал.

(ВИДЕО) Гвардиола: Подај ја топката!…Де Брујне: Замолчи!

Scroll to Top