Тиери Анри, легендата на Арсенал, со големо задоволство го следел првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите помеѓу Реал и Манчестер сити (1:1).
Анри рекол дека Кевин Де Брујн за најпаметниот играч што го видел. Белгиецот постигна прекрасен гол против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.
Легендарниот Французин потоа му се восхитуваше на другиот стрелец од овој натпревар, Винисиус од Реал, а потоа го состави своето совршено напаѓачко трио.
„Винисиус Жуниор лево, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд напаѓачи… Ве молам, некој да ги стави во еден тим“, рече Анри.
Мбапе моментално игра за ПСЖ, а Халанд за Манчестер сити. Винисиус и Мбапе за малку ќе станаеа соиграчи минатото лето, кога Французинот беше блиску до преселба во Реал Мадрид. На крајот го одби мадридскиот клуб и остана во ПСЖ.