Црвена звезда стави печат на својата 32. титула во историјата со 5:1 победа над Металац, поставувајќи српски и светски рекорд.
На „Рајко Митиќ“, Звезда со победата стигна до 108 поени откако во 38 кола обезбедија дури 35 победи и имаа 3 ремија, рушејќи го рекордот на шкотскиот Селтик од 106 освоени поени. Со своите 114 постигнати голови (114:20 гол-разлика), тие го срушија и српскиот рекорд на Партизан од 111 гола во една сезона во 2000.