Роналд Араухо најдобро ги објасни перформансите на германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген во вчерашното полуфинале од Шпанскиот Суперкуп, во кој тој имаше шест клучни одбрани за Барселона на пенали да го совлада Реал Сосиедад во Кордоба: „Тој уште лета некаде!“.
По одличните 120 минути во игра, дојдоа пеналите, и Германецот едноставно беше фантастичен – ги одбрани ударите на Баутиста и Ојарзабал, пред Вилијан Жозе да ја погоди стативата.
Тер Штеген, кој пристигна во Барселона во 2014 година, а по многу „натегања“ потпиша продолжување на договорот со клубот до 2025 година вели дека не е убаво да си многу горд на своите достигнувања.
„Ние сме во Барселона за да победуваме во вакви мечеви“, изјави Германецот по мечот.
Тренерот Роналд Куман, не беше толку скромен во пофалбите за голманот.
„Во текот на целиот меч тој имаше важни одбрани за тимот, и тој беше едноставно неверојатен. Не беше лесно да се одиграат 120 минути ваков меч во овој дел од сезоната. Кога одиш во пенал-серија, потребна ти е среќа, но и навистина добар голман. Ние ги имавме двете“, вели Куман.
Барса во финалето на шпанскиот Суперкуп по пенал-драмата со Сосиедад