Top Sport

Аргентина мора да го победи Мексико

Денес е „Денот Д“ на Светското првенство за репрезентацијата на Аргентина. „Гаучосите“ по шокантниот пораз од Саусиска Арабија мора да го победат Мексико, за да ги задржат шансите за пласман во нокаут-фазата.

Програмата ќе ја отворат Тунис и Австралија, во Д-групата. Тунис во првото коло ремизираше со Данска, а Австралија доживеа убедлив пораз од Фрамција.

Од 17 часот, актуелните светски шампиони, Французите, ќе се пресметаат со Данска.

Во Ц-груата, Полска и Саудиска Арабија ќе ги одмерат силите од 14 часот, а од 20 часот е дербито Аргентина-Мексико.

Во оваа група Саудиска Арабија има три бода, Мексико и Полска по еде, Аргентина е без бодови.

Scroll to Top