Австрискиот интернационалец Марко Арнаутовиќ беше двоен стрелец во победата на Болоња од 2:0 против Сампдорија на домашен терен. Напаѓачот го отвори резултатот во 61.минута, а петнаесет минути подоцна уште еднаш ја затресе мрежата на гостите.
Болоња ја прекина низата без триумф и сега со 37 бода се наоѓа на 12. место на табелата во Серија А. Сампдорија е на 16. позиција со 29 бода и се уште нема обезбедено опстанок.