Top Sport

Арсенал го доведе Маркињос

Англискиот премиерлигаш Арсенал го доведе бразилскиот напаѓач Маркус Винисиус Оливеира Аленсар, попознат како Маркињос. Момчето кое неодамна наполни 18 години, пристигнува од Сао Паоло и потпиша долгорочен договор.

„Маркињос е играч кој го следиме веќе некое време. Тој е млад фудбалер и треба да претставува дел од нашата иднина“, изјави техничкиот директор на Арсенал, Еду.

Маркињос во наредните недели ќе отпатува од Бразил во Лондон, а потоа ќе им се придружи на новите соиграчи во подготовките за претстојната сезона.

Scroll to Top