Top Sport

Шкупи се раздели со шестмина фудбалери

Шкупи се раздели со шест фудбалери кои минатата година беа дел од тимот. Тимот од Чаир им се заблагодари за соработката на Константин Чешмеџиев, Ардит Илјази, Фатих Исмаили, Александар Ѓурковски, Марко Ѓорѓиевски и Абдул Руатубјаје.

„Нашиот тим соопштува дека ја раскина соработката со шест фудбалери. Константин Чешмеџиев, Ардит Илјази, Фатих Исмаили, Александар Ѓурковски, Марко Ѓорѓиевски и Абдул Рватубјаје. Договорите за раскинување на соработката се со договор на двете страни, додека нашиот клуб им се заблагодарува на фудбалерите за придонесот и им посакува многу среќа во следните предизвици“, соопшти Шкупи.

Тимот од Чаир веќе е на подготовки во Охрид, а утре ќе го одигра и првиот пријателски натпревар против косовскиот тим Балкани.

Scroll to Top