Англискиот премиерлигаш Арсенал веќе подолго време бара играч кој би ја засилил конкуренцијата во средниот ред, а прв избор на менаџерот Микел Артета и на клубот е Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Според последните информации од Италија, Лацио е подготвен да го продаде српскиот фудбалер бидејќи сметаат дека тој не е целосно фокусиран на клубот.
И покрај тоа што неговиот договор важи само до крајот на следната сезона, Лацио нема намера да прифати понуди помали од 100 милиони евра.
Арсенал ќе се обиде да намали дел од оваа сума при финалните преговори или барем да стави неколку клаузули врзани со бонуси. Сепак, „топчиите“ се подготвени да инвестираат оваа зима и да го засилат својот тим со намера да издржат во трката за шампионската титула во Премиерлигата.