Зајн Али Салман, петгодишното дете кое стана сензација со своите неверојатни способности со топката, почна да работи во академијата на Арсенал, кои лани му дадоа првичен договор кога имаше само четири години.
Видеата на кои Зајн го покажува својот талент собраа илјадници прегледи и му го донесоа прекарот „Малиот Меси“, а сега тој почна да работи. Салман се фотографираше со менаџерот на академијата на Арсенал, Пер Мертезакер, како и скаутот Стивен Динс, кој беше импресиониран.
„Тој прави работи кои не треба да ги правиш на таа возраст. Кога го видов, му се јавив на пријателот да ми потврди дека има само четири години. Тогаш зборував со неговите родители и сега почнуваме со работа“, вели Динс.