Top Sport

Арсенал се сопна дома против Брентфорд

Лидерот на табелата во Премиерлигата, тимот на Арсенал, втор натпревар не знае за победа. „Топчиите“ одиграа само 1:1 на домашен терен против Брентфорд и му понудија нова шанса на Манчестер Сити да се доближи на врвот.

Тросар донесе водство за Арсенал со голот во 66.минута, но Тони успеа да израмни осум минути подоцна.

Лестер го декласира Тотенхем со 4:1, иако гостите поведоа со голот на Бетнтанкур во 14.минута. Сепак, Лестер славеше убедливо, а стрелаа Менди, Медисон, Ихеаначо и Барнс.

Вулверхемптон со 2:1 на гости го победи Саутемптон, а Фулам славеше дома против Нотингем Форест со 2:0.

Scroll to Top