Top Sport

Убедливи победи за Пелистер и за Работнички

Кошаркарите на Работнички и на Пелистер остварија победи во 15.коло на Првата кошаркарска македонска лига. Работнички во празната сала „Кале“ триумфира против Гостивар со 98:63. Поради казна, тимот ја немаше поддршката на публиката, но и без тоа мечот беше решен уште до полувремето кога Работнички имаше водство од 51:24.

Најефикасен кај Работнички беше Форте со 27 поени, а Малешевиќ го заврши мечот со 18 поени,

Пелистер исто така беше убедлив во Струмица и славеше против домаќинот со 77:101. Битолскиот тим покажа дека е многу поквалитетен состав на овој дуел.

Најефикасен на мечот беше Крстајиќ од Струмица со 26 поени, додека кај Пелистер најмногу поени постигна Карпентер (22).

Scroll to Top