Top Sport

Арсенал со победа во Швајцарија, Рома со „колапс“ во Бугарија!

Арсенал се врати на победите, откако на отварањето на новата сезона во Лига Европа, стигна до 2:1 триумф на гостувањето во Швајцарија кај Цирих, но Рома на Жозе Мурињо загуби со 2:1 на гостувањето кај Лудогорец, додека Фенербахче со Џани Алиоски како стартер со голот на Мичи Батшуаи стигнаа до 2:1 победа над Динамо Киев.

Несомнено човек на мечот на Арсенал беше Еди Нкетија, кој прво во 16. минута му асистираше на Маркињос за водство на „топчиите“, потоа направи пенал во 44. минута, за Милринд Крјезиу да израмни, за во 62. минута да ги осигура трите поени за тимот на Микел Артета со гол.

Откако имаа „летечки“ старт на сезоната, Рома полека го губи здивот. Неколку дена по катастрофалниот 4:0 пораз од Удинезе, „волчицата“ имаше нов пораз, овојпат од бугарскиот шампион. Бразилецот Каули ги шокираше гостите во 72. минута, но „волчицата“ се надеваше дека обезбеди реми кога Елдор Шомуродов стрелаше во 82. минута. Но, само четири минути подоцна, уште еден Бразилец, Нонато му го загорчи животот на Мурињо.

ЛИГА ЕВРОПА, 1.КОЛО
ГРУПА А
Цирих – Арсенал 1:2
ПСВ Ајндховен – Бодо/Глимт 1:1
ГРУПА Б
АЕК Ларнака – Рен 1:2
Фенербахче – Динамо Киев 2:1
ГРУПА Ц
ХЈК Хелсинки – Реал Бетис 0:2
Лудогорец – Рома 2:1
ГРУПА Д
Малме – Брага 0:2
Унион Берлин – Унион Сен-Жил 0:1

Scroll to Top