Top Sport

Арсенал со посебен дрес за своите јамајчански навивачи

„Адидас“ и Арсенал го претставија новиот дрес за загревање на лондонскиот клуб, овојпат во чест на своите јамајчански навивачи, со мотиви од знамето на Јамајка.

Дресот е промовиран пред Нотинг Хил карневалот во Лондон, кој се враќа по двегодишна пауза поради пандемијаата на КОВИД-19. Легендата на Арсенал, Јан Рајт, кој има јамајчанско потекло беше воодушевен.

„Фантастично е да се види како ‘Адидас’ и Арсенал ги прославуваат своите различни навивачи. Арсенал е за сите и мислам дека фановите ќе бидат воодушевени како мене“, вели Рајт.

Scroll to Top