Арсенал стигна до 2:1 победа на гости кај Бурнемаут за да се пласира во осминафиналето на ФА купот каде што ги чека гостување кај второлигашот Портсмут.
Исходот на мечот беше решен во првите половина час, во кој блеснаа младите фудбалери на „топчиите“.
Во петтата минута, 18-годишниот Габриел Мартинели му асистираше на својот врсник, Букајо Сака за 1:0, а во 26. минута, Сака му асистираше на 20-годишниот Еди Нкетијах, кој се врати од позајмица, а 2:0. Сем Сариџ го постигна утешниот гол за домаќините во 91. минута од мечот.