Арсенал минатата сезона не издржа во трката за титулата во Премиерлигата против Манчестер Сити, но очигледно дека Микел Артета е решен повторно да се бори за трофејот во новиот шампионат.
Англиските медиуми пишуваат дека Арсенал сака да доведе уште еден играч, откако го собори националниот рекорд со трансферот на Деклан Рајс.
Станува збор за 22-годишниот крилен напаѓач на Ајакс, Мохамед Кудус.
Ајакс бара околу 45 милиони евра отштета за интернационалецот од Гана, а Арсенал ќе ги почне преговорите нудејќи помала сума.