Top Sport

Артета го сака Жоао Кансело на „Емирати“

Минатото лето Микел Артета повлече два одлични трансфер потези, ги доведе Габриел Жесус и Олександр Зинченко од Манчестер Сити, па сега менаџерот на Арсенал го насочува вниманието кон уште еден играч на „граѓаните“. Станува збор за десниот бек Жоао Кансело, тврди „Кикер“.

29-годишниот Португалец минатата сезона ја мина на позајмица во Баерн Минхен. Сепак, германскиот шампион реши да не ги откупува неговите права и да им го врати на „граѓаните“. Но, фудбалерот нема иднина на „Етихад“ по расправијата со менаџерот Пеп Гвардиола. Така клубот дефинитивно ќе сака да го продаде, а Арсенал е подготвен да го доведе во своите редови.

Артета е решен да ја засили конкуренцијата на десната бековска позиција и верува дека Кансело би бил одличен избор, посебно доколку неговата цена е прифатлива за Арсенал.

Scroll to Top