Top Sport

Реал се пофалија со потписот на Ѓулер за 30 милиони евра!

Реал Мадрид го претставија четвртото засилување во летниот преоден рок, потпишувајќи долгогодишен договор со турскиот талент Арда Ѓулер од Фенербахче и во исто време победувајќи го најголемиот ривал, Барселона, кои сметаа дека имаат склучен договор за овој трансфер.

Според шпанските медиуми, Реал се согласија да платат повеќе од отпусната клаузула од 17.5 милиони евра, плаќајќи 20 милиони евра директно и 10 милиони евра во бонуси. Тој потпишува шестгодишен договор со „кралевите“.

18-годишниот Ѓулер имаше фантастична сезона со Фенербахче со 4 гола во лигата, а беше прогласен и за најдобар играч во финалето на Турскиот куп.

Scroll to Top