Top Sport

Игуаин заминува во пензија

Фудбалерот на Интер Мајами, Гонзало Игуаин, најверојатно ќе ја заврши кариерата на крајот од календарската 2022 година, на 34-годишна возраст. Ова во интервју за аргентинските медиуми го соопшти неговиот татко Хорхе, кој на тој начин ја згасна надежта на навивачите на Ривер Плата дека „Пипита“ би можел да ја заврши кариерата во матичниот клуб.

Договорот на Игуаин со тимот од МЛС – лигата истекува на крајот на годината и постојат реални шанси после тоа да ја заврши играчката кариера.

Прославениот аргентински ас во текот на кариерата ги носеше дресовите на големите европски клубови, откако од Ривер Плата пристигна во Реал Мадрид каде мина шест сезони.

Потоа патот го однесе во Неапол каде играше три сезони, а во 2016 година го засили Јувентус. За четирите години меѓу „бјанконерите“ беше на позајмица во Милан и во Челси, а во 2020 година пристигна во Интер Мајами.

За репрезентацијата на Аргентина одигра 75 натпревари и постигна 31 гол.

Scroll to Top