Арсенал го насочи вниманието кон дефанзивецот на Галатасарај, Саша Бои, како можно засилување во летниот преоден рок. Привлекувањето на нов десен бек е главен приоритет на Микел Артета во текот на летото и затоа се насочил кон 22-годишниот Французин.
Бои беше доведен во Галатасарај од Рен во 2021 година и брзо се наметна во тимот на турскиот гигант. Досега за клубот од Истанбул одигра 42 натпревари, постигна еден гол и забележа две асистенции.
Неговиот договор е до 2025 година, па Галатасарај ќе биде во силна позиција во преговорите за негова продажба на лето.
Фудбалерот е заинтригиран од можноста да игра во Премиерлигата под водство на Микел Артета, кој веќе докажа дека знае да развива млади таленти.