Микел Артета инсистира дека во Арсенал секогаш има „отворени врати“ за Џек Вилшир, откако поранешниот англиски репрезентативец неколку пати јавно изјави дека има проблем да најде нов клуб.
Вилшир ја почна кариерата во Арсенал во 2008 година, кога беше сметан за еден од најголемите млади таленти на својата генерација под Арсен Венгер. Меѓутоа повредите не дозволија тој да го искористи потенцијалот, и тој замина од „Емирати“ во 2018 година, по што имаше епизодна улога во Вест хем и Бурнемаут.
Ова лето 29-годишниот Англичанец тренираше со италијанскиот второлигаш Комо (каде што претседател е ексфудбалерот на Челси, Денис Вајс), и Артета вели дека тој е добредојден во клубот.
„Џек е човек кој го познавам, со кого ја делев соблекувалната. За некој кој е толку сакан во клубот, секогаш има отворени врати“, изјави Артета.
Вилшир имаше 198 настапи во една деценија во Арсенал, освојувајќи два ФА купа, постигнувајќи 14 гола и запишувајќи 30 асистенции. Тој исто така имаше 34 настапи за Англиската репрезентација.
Вилшир очаен: Како да им кажам на децата дека никој не ме сака
Брегзит му ја уништи шансата на Вилшир да заигра во Серија Б