Top Sport

Асенсио: Не сум размислувал за Барселона

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Марко Асенсио, одговори на прашање за интересот на Барселона ко ннего. Репрезентативецот на Шпанија ќе стане слободен агент следното лето, а од Каталонија дојдоа најави дека Барселона е заинтересирана да го доведе на „Камп Ноу“.

„Искрено, не знам дали Барса ме сака во тимот. Дали исклучувам да играм за овој клуб? Никогаш не сум размислувал за тоа. Има многу гласини на оваа тема, што е нормално. За седум месеци можам да станам фудбалер на кој било клуб. Во оваа фаза не можам да дадам конкретен одговор за Барселона“, изјави Асенсио.

Тој не добива голема минутажа во тимот на Карло Анчелоти и на еден меч бурно реагираше поради таквиот став на италијанскиот стратег.

Scroll to Top