Извор/ ФФМ
Македонскиот репрезентативец, Стефан Ашковски поради повреда на левиот скочен зглоб не е во можност да конкурира за настап на претстојните два натпревари против Молдавија и Црна Гора.
Стефан Ашковски веќе три недели го мачи повредата на скочниот зглоб. Во деновите минати со репрезентација во Анталија, беше на физикална терапија, но тој процес на закрепнување се покажа дека не е доволен за да може да конкурира за настап на 22. март против Молдавија и три дена подоцна против Црна Гора.
Бекот на македонската репрезентација, терапијата ќе ја продолжи во својот клуб Алашкерт, Ерменија.