Top Sport

Астон Вила го сака тренерот на Спортинг Лисабон на својата клупа

Раководството на Астон Вила започна преговори со тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим, информираат медиумите на Островот. Клубот од Бирмингем минатата недела се раздели со Стивен Џерард и во моментов е во потрага по нов менаџер кој ќе го замени на клупата.

Аморим важи за еден од најперспективните тренери во Португалија, а во 2021 година ги предводеше лисабонските „лавови“ до двојна круна.

Медиумите во Англија пренесуваат и дека Аморим одлично зборува англиски и дал согласност да застане на чело на тимот, но за оваа цел Астон Вила ќе треба да плати околу 10 милиони евра за да го доведе на „Вила Парк“.

Шефовите на англискиот тим стапиле во контакт и со Томас Тухел, но Германецот не покажал интерес за работата.

Scroll to Top