Top Sport

Јирген Клоп го „мерка“ Мукоко

Ливерпул е во пол-позиција во трката со конкуренцијата за големиот талент на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко. 17-годишниот напаѓач има четири гола во Бундеслигата на десет натпревари од почетокот на сезоната.

Мукоко се смета за еден од врвните германски таленти и неговите перформанси го импресионираа менаџерот Јирген Клоп. Талентот го следат и Реал Мадрид, Барселона и Пари Сен Жермен. Сепак, каталонскиот „Спорт“ тврди дека Ливерпул е фаворит.

Актуелниот договор на Мукоко со Борусија истекува следното лето, па тој би можел да биде доведен како слободен играч.

Ливерпул сака да ја ангажира и големата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џад Белингем.

Scroll to Top