Астон вила го совлада локалниот бирмингемски ривал Вест Бромвич Албион по изведувањето на пенали со 4:3 за да обезбеди меч за враќање во Премиер лигата на „Вембли“.
Вила пристигна кај ВБА со предност од 2:1 од првиот меч, и откако домаќините стигнаа до победа од 1:0 со голот на Крег Досон во 29. минута, се играа продолженија бидејќи во баражите за влез во повисоките лиги во Англија не важи правилото гол-на-гости.
ВБА успеа да го изддржи притисокот во двете продолженија, откако од 80-тата минута играа со играч помалку, но во пенал-серијата тие имаа два промашени пенали за славниот клуб од Бирмингем да има шанса да игра бараж.
Противникот на Вила ќе биде дознаен утре, кога Лидс и Дерби каунти го играат својот втор меч. Лидс, без повредениот македонски репрезентативец Езѓан Алиоски има 1:0 предност од првиот натпревар. Норич и Шефилд јунајтед веќе се нови премиерлигаши.