Астон Вила со гол во 93. минута успеа да стигне до 2:1 победа над фаворизираните Лестер во полуфиналето на Англискиот лига-куп (или Карабао куп) и сега ќе игра за трофеј во својата повратничка сезона во Премиер лигата против еден од клубовите од Манчестер, кои утре го играат вториот меч од полуфиналето.
Вила на првиот меч на гости кај Лестер успеа да извлече 1:1 реми, а исто толку драматично беше и на „Вила Парк“. Мет Таргет ги донесе домаќините во водство во 22. минута, но тоа го оддржија само до 72. минута, кога Келечи Ихеаначо израмни за „лисиците“.
Човек за одлука беше Египќанецот Трезеге, кој во 93. минута од мечот постигна гол по одличната асистенција на Елмохамади за 2:1 победа и пласман во финалето.
Манчестер сити е фаворит да биде втор финалист, откако во првиот меч со 3:1 ги совладаа Манчестер јунајтед и сега реваншот го играат на сопствениот стадион.