Астон вила го продолжи фантастичниот старт на сезоната во англискиот фудбал, победувајќи ги Фулам на „Крејвен котиџ“ со 3:0, што претставува трет пораз во три меча за новиот англиски премиерлигаш.
Џек Грилиш ги „начна“ Фулам уште во четвртата минута од мечот, за во 15-тата минута, да учествува во акцијата која се „прошета“ низ одбраната на домаќините за Конор Хурихејн да погоди за 2:0. Тајрон Мингс во 48. минута стави крај на било каква неизвесност околу победникот на дуелот.
Ова е четврта победа во низа за Вила, ако се сметаат двете победи во англискиот лига куп, додека Фулам има три порази во три меча од Премиер лигата и со 0-3 скор се на последното место заедно со Шефилд јунајтед.