Top Sport

Бублик, тенисерот кој мрази тенис, го победи Монфис со вакви удари!

Казахстанецот Александер Бублик ја забележа својата прва победа над топ 10 противник, откако со 6:4/7:5/3:6/6:3 го совлада осмиот носител Гаел Монфис, со што миленикот на публиката повторно има неуспешен настап на својот домашен гренд слем.

23-годишниот Бублик, кој е роден во Русија, но настапува за Казахстан, во февруари оваа година изјави дека „го мрази тенисот од дното на душата“ и дека игра само бидејќи има добра заработувачка, признавајќи дека да не беа парите воопшто не би помислил да крене рекет. Тој засега во кариерата има заработено 1.427.151 долари, а најдобар пласман на гренд слем турнирите му е третото коло на САД опен минатата година.

Против Монфис, човекот кој е познат по своите атрактивни и луди потези на тенискиот терен, овојпат Бублик го имаше потегот на мечот, со овој удар меѓу нозе во првиот сет.

„Само поради парите играм тенис“

Scroll to Top