Top Sport

Аталанта славната победа ја посвети на Бергамо: Никогаш не се предавајте

Аталанта со неверојатна 4:3 победа на гости кај Валенсија го осигура пласманот во четврт-финалето на Лигата на шампионите, ставајќи крај на сите сомнежи дали тимот од градот со 120 илјади жители на 30 километри од Милано заслужува да биде во елитата.

Херој на мечот несомнено беше Јосип Иличиќ, откако словенечкиот репрезентативец ги постигна сите четири гола за Аталанта, но по мечот, фудбалерите јасно дадоа порака кому е посветена победата – на градот Бергамо, кој да потсетиме е во провинцијата Ломбардија, која е најмногу погодена од корона вирусот.

„Бергамо ова е за тебе! Никогаш не се прадавајте“, напишаа фудбалерите за својот град.

Тренерот Џанпјеро Гасперини исто така го спомена својот град, но и директорот на болницата во градот.

„По тешкиот старт имаме четири победи во низа во Лигата на шампиони и покажавме дека можеме многу. Знаеме дека многу луѓе не гледаа во Бергамо, вклучувајќи го и директорот на болницата, и затоа сме пресреќни што им дадовме еден момент на радост“, вели Гасперини.

Иличиќ даде четири гола на празната „Месталја“, Ред бул „летна“ над Тотенхем (видео)

Scroll to Top