Top Sport

Деле Али: Се извинуваме на навивачите, тие заслужуваат повеќе

Тотенхем, по минатогодишното финале од Лигата на шампионите, овојпат крајот го виде во осминафиналето, откако во два неубедливи меча, прво загубија дома со 0:1, а потоа и беа декласирани со 0:3 на гости кај РБ Лајпциг.

Деле Али вели дека никој во тимот нема оправдување за лошите резултати.

„Пред мечот верувавме делка можеме повеќе, но ова е Лига на шампиони, ако застанете, ќе ве казнат. Немаме изговори со повредени фудбалери, бидејќи имаме доволно квалитет на теренот. Се извинуваме на фановите за ваков пораз, тие заслужуваат многу повеќе. Мора да се бориме. Не можеме да бидеме на оваа позиција во лигата, не можеме да се криеме. Ова не е добра сезона за нас, а реалноста е дека сме во лоша ситуација и дека самодовербата е загубена. Мораме да го признаеме тоа“, изјави разочараниот Али.

Иличиќ даде четири гола на празната „Месталја“, Ред бул „летна“ над Тотенхем (видео)

Scroll to Top