Top Sport

Селтик со пресврт го доби „Олд Фирм“ и ита кон титула во Шкотска

Фудбалерите на Селтик го совладаа Глазгов Ренџерс на „Ајброкс“ со 1:2 во популарното шкотско дерби „Олд Фирм“. Големото дерби во Глазгов започна фантастично и по само три минути беше постигнат гол. Арон Ремзи беше стрелец на водечкиот гол за Ренџерс.

Сепак, само четири минути подоцна Селтик израмни. По одбраната на Алан Мекгрегор топката стигна до Том Рогиќ, кој го разочара „Ајброкс“ со израмнувачки погодок.

Пред одморот, во 43. минута се случи голема мешаница во шеснаесетникот на Глазгов Ренџерс, а Камерон Картер-Викерс ја затресе мрежата на домаќинот.

Селтик вторпат сезонава го совлада најголемиот ривал и на шест кола пред крајот има шест бода повеќе од главиот „непријател“.

Scroll to Top