Валенсија продолжува со лошите резултати, а вечерва на „Месталја“ триумфира и Атлетик Билбао. Баскискиот тим дојде до победа од 1:2, иако „лилјаците“ први имаа предност на овој меч.
Саму Кастилјехо во 17.минута ја доведе Валенсија во водство, но израмни Нико Вилијамс во 30.минута.
Во второто полувреме, Охиан Санцет погоди во 72.минута за триумф на гостите.
Валенсија по овој пораз се наоѓа во зоната за испаѓање, на 18. позиција, со само 20 освоени бода.