Два меча од Конференциската лига на УЕФА, меѓу кои 4:1 поразот на Македонија Ѓорче Петров од летонскиот РФС Рига се под истрага на УЕФА за потенцијално местење на резултат, објавува британскиот „Атлетик“.
Покрај овој меч, сомнителен е и 6:1 триумфот на ерменскиот Алашкерт против црногорскиот Арсенал Тиват, поради невообичаено големиот број на обложувања на двата меча.
„УЕФА, следејќи ја својата долгорочна практика, не ги коментира истрагите за потенцијално местење на мечеви за да не се компромитира истрагата. УЕФА постојано ги следи сите активности кои може да сигнализираат потенцијално местење на мечеви во соработка со национлните асоцијации“, велат од УЕФА.
Двата меча беа реванши, а сите четири клуба се елиминирани од европските натпреварувања.
Exclusive: two matches in this season's Europa Conference League have been flagged to UEFA because of suspicious betting patterns indicative of possible match-fixing. Raises questions for UEFA about the integrity of its new tournament.https://t.co/g61rVGwGp3
— Joey D'Urso (@josephmdurso) August 30, 2023