Атлетико Мадрид се подготвени да ја платат откупната клаузула која во договорот со хетафе ја има Мауро Арамбари. Уругваецот е слободен за 25 милиони евра.
Арамбари има 24 години, а за неговите услуги покрај Атлетико биле заинтересирани Интер и Монако.
Сепак тој бил голем фан на Диего Симеоне, а од дете навивал за Атлетико и поради тоа и сакал кариерата да ја продолжи во Атлетико, тврди „Мундо Депортиво“.
Прашање дали евентуалниот трансфер на Арамбари значи дека Томас Парти ќе замине во Арсенал. „Тобџиите“ подолг период се заинтересирани за Парти, подготвени за да платата 50 милиони евра за него.
Арамбари сезонава има одиграно 31 натпревар за Хетафе.