Раководството на шпанскиот гигант Атлетико Мадрид го осуди расистичкото однесување на дел од своите навивачи на дербито против Реал Мадрид насочено кон бразилскиот интернационалец Винисиус Жуниор. Група ултраси скандираа „Винисиус, ти си мајмун“, а видеоматеријалот може да му донесе на клубот сериозна санкција и затворање на стадионот на неколку натпревари, во зависност од исходот од истрагата на Ла Лига.
„Атлетико Мадрид е познат по тоа што е отворен и има простор за навивачи од различни националности, култури, раси и општествени класи. Ова не може да го наруши имиџот на илјадниците навивачи на Атлети кои го поддржуваат својот тим со страст и почит кон ривалите. Овие скандирања предизвикуваат гадење и огорченост. Нема да дозволиме неколку луѓе да се кријат зад нашите бои и да навредуваат на расистичка и хомофобна основа“, се вели во официјалното соопштение на Атлетико Мадрид.
Раководството уверува дека ќе го исфрли секој член на клубот кој учествуваше на овој настан. Шампионот Реал Мадрид го доби дербито против Атлетико Мадрид со 1:2.