Top Sport

Атлетико Мадрид го сака Пауло Дибала на „Ванда Метрополитано“

Атлетико Мадрид се вклучува во трката со Интер и со Рома за потписот на аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала. Тој на 1 јули и официјално ќе стане слободен агент и ќе го напушти Јувентус, а раководството на шпанскиот клуб се надева дека може да го убеди да ја напушти Италија и да се пресели на „Ванда Метрополитано“.

Дибала има устмен договор со Интер, но италијанскиот вицепрвак прво треба да се раздели со Алексис Санчез и да ослободи дел буџет за негов ангажман.

Во меѓувреме, Атлетико Мадрид се надева дека ќе може да реагира побрзо и да го доведе Дибала, победувајќи ги Рома, Тотенхем и Арсенал, кои исто така се во трката за Аргентинецот.

Scroll to Top